Министерот за економија Ваљон Сарачини, придружен од главниот оперативен директор на МБПР, Бесим Билали денес го посети хотелот „Њу Стар“ во индустриската зона Визбегово, кој е делумно изграден со кредит од МБПР. Министерот Сарачини по средбата со сопственикот на хотелот Џемаил Зеќири изјави дека и во време кога комерцијалните банки се соочуваат со криза во кредитирањето, Владата преку кредити со субвенционирани камати преку МБПР, постојано ги поддржува и им помага на малите и средните претпријатија. Според последните информации со кои располагаме, компаниите досега искористиле 61 милиони евра од последната кредитна линија од Европската инвестициска банка од 100 милиони евра, со што кредитирани се над 200 проекти, а со искористување на целата сума од 100 милиони евра, ќе бидат отворени нови 1300 работни места.
Министерот за економија Ваљон Сарачини, придружен од главниот оперативен директор на МБПР, Бесим Билали денес го посети хотелот „Њу Стар“ во индустриската зона Визбегово, кој е делумно изграден со кредит од МБПР.
Министерот Сарачини по средбата со сопственикот на хотелот Џемаил Зеќири изјави дека и во време кога комерцијалните банки се соочуваат со криза во кредитирањето, Владата преку кредити со субвенционирани камати преку МБПР, постојано ги поддржува и им помага на малите и средните претпријатија.
„Според последните информации со кои располагаме, компаниите досега искористиле 61 милиони евра од последната кредитна линија од Европската инвестициска банка од 100 милиони евра, со што кредитирани се над 200 проекти, а со искористување на целата сума од 100 милиони евра, ќе бидат отворени нови 1300 работни места. Ова покажува дека интересот за кредитните линии е голем, поради едноставна причина, поевтиниот извор на финансирање, што во овој случај е каматна стапка од 5,5%. Хотелот кој го посетив денес искористил кредит од 200 илјади евра, и освен извршените инвестиции, отвориле нови 20 работни места“, изјави Министерот Сарачини.
Главниот оперативен директор на МБПР, Бесим Билали изјави дека МБПР располага со средства во секое време, била и ќе продолжи да биде во служба на компании со добри бизнис планови.
„МБПР соработува со 12 комерцијални банки, процедурата е едноставна, тоа што треба да направат претпријатијата е да достават барање до нас и да имаат добар бизнис план. Средства имало и секогаш ќе има, досега финансиравме над 200 проекти со над 60 милиони евра, останатите барања се во процес на проценување, најдобар доказ е фактот што МБПР досега има искористено во целост две кредитни линии од 100 и 50 милиони евра од ЕИБ, а планира да повлече уште една линија наскоро“ изјави Бесим Билали, главен оперативен директор на МБПР.
Сопственикот на хотелот „Њу Стар“ Џемаил Зеќири му се заблагодари на Министерот Сараќини за посетата, и на МБПР за поддршката.
„Како што кажа и министерот ние подигнавме кредит од 200 илјади евра, со што ги изградивме спортските терени, истовремено вработивме нови 20 лица, и би сакал да ја истакнам мојата благодарност до Министерот Сарачини за постојаната поддршка која ни ја дава, и на МБПР за довербата, ние аплициравме за уште еден кредит и се надеваме на позитивен одговор“ изјави Зеќири.
Министерот Сарачини апелираше до сите компании да ги искористат поволностите кои ги нудат кредитите од МБПР, и да го следат примерот на компанијата која денес ја посети, додавајќи дека процедурата е едноставна и брза и одзема од 45-60 дена.